САНКЦИИТЕ НА ЕУ СЕРИОЗНО ЌЕ Ѝ НАШТЕТАТ НА РУСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, РУБЉАТА ПАДНА НА РЕКОРДНО НИСКО НИВО

    САНКЦИИТЕ НА ЕУ СЕРИОЗНО ЌЕ Ѝ НАШТЕТАТ НА РУСКАТА ЕКОНОМИЈА, КАЖА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, РУБЉАТА ПАДНА НА РЕКОРДНО НИСКО НИВОМосква го опиша нападот на Украина како специјална операција, негирајќи дека целта е окупација (Фото: АП)

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажа дека санкциите што ќе ги воведе Брисел сериозно ќе ги ослабнат економијата на Русија и нејзините капацитети да се модернизира.

    „Ќе ги замрзнеме руските средства во ЕУ и ќе го блокираме пристапот на руските банки кон европските финансиски пазари. Мерките ќе бидат сериозен удар за Русија, ќе се зголемат одливот на капиталот и инфлацијата и постепено ќе се наруши нејзината индустриска основа. Ќе ја ослабнеме руската технолошка позиција во клучните области“, изјави Фон дер Лајен.

    Таа вели дека ЕУ ги осудува варварскиот напад на Украина и циничните аргументи со кои што беше оправдан.

    „Овие санкции ќе имаат висока цена за интересите на Кремљ и за способноста да ја финансира војната“, рече Фон дер Лајен.

    Руската централна банка кажа дека ќе интервенира на пазарот за да ја поддржи рубљата, откако таа паднала на рекордно ниско ниво по почетокот на руската инвазија на Украина. Агенцијата „Ројтерс“ пренесе дека вредноста во однос на доларот била 89,60 рубљи и се ближела кон прагот од 100 рубљи за едно евро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира