Прилепската полиција лишила од слобода тројца малолетници кои можеле да предизвикаат железничка несреќа откако на станицата во Прилеп ги промениле скретниците, со што се менува и правецот на коловозната лента по која се движи возот.
Малолетниците се сомничат дека ова го сториле вчера во периодот од 16.50 до 17.03 часот, а според возниот ред возот требало оттаму да помине за некоја минута подоцна, односно во 17,10 часот. Тие, исто така, одзеле и предмети кои се користат за сигнализација на возовите.
Од вработен во железничката станица тоа било навремено забележано и скретниците вратени во првобитната положба за влез на возот кој се чекал.
За инцидентот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
Ж. ЗДРАВКОВСКА