РУСКИТЕ ТРУПИ ГО ЗАЗЕДОА ЧЕРНОБИЛ

    РУСКИТЕ ТРУПИ ГО ЗАЗЕДОА ЧЕРНОБИЛГолеми делови од Чернобил се затворени за јавност од нуклеарната катастрофа во 1986 (Фото: Шатерсток)

    Некогашната нуклеарна централа во Чернобил падна во рацете на руските трупи, изјави Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Зеленски.

    „Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа е безбедна по целосно непотребниот напад на Русите. Ова е една од најсериозните закани во Европа во моментов“, кажа Подољак.

    Зеленски попладнево потврди дека руските трупи кои напредуваат од правецот на Белорусија навлегле во областа околу поранешната нуклеарна централа, додавајќи дека таму се водат борби.

    Големи делови од Чернобил се затворени за јавност откако таму се случи нуклеарната катастрофа во 1986 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира