УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕЛЕНСКИ НАРЕДИ ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА

    УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕЛЕНСКИ НАРЕДИ ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈАМапа на руската инвазија на Украина. (Фото: Британско министерство за одбрана)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет за општа мобилизација на населението по руската инвазија.

    Регрутите и резервистите ќе бидат повикани во наредните 90 дена за да се осигура одбраната на земјата и да се одржи борбената подготвеност, се вели на веб сајтот на украинскиот претседател.

    Зеленски вети дека Украина ќе продолжи да се бори, велејќи дека нова железна завеса се спушта меѓу Русија и Западот. Тој сака Украина да остане на страна на Западот.

    Претходно, украинската гранична служба соопшти дека им е забранет излез од земјата на сите мажи од 18 до 60 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира