Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и неменувањето на нејзините и границите на која било друга држава, согласно нормите на меѓународното јавно право, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.
Србија ќе биде една од ретките земји од Европа кои нема да воведат санкции кон Русија.
„Како држава која во минатото била под санкции, во моментов санкции од Република Србија кон Руската федерација, не се опција”, кажа Вучиќ вечерва од претседателската палата.
„Србија, по повод санкциите кон Русија, ќе се раководи од своите интереси”, заклучи Вучиќ по седницата на Советот за безбедност.