И МАКЕДОНИЈА ЌЕ Ѝ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА СО ВОЕНИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА

    И МАКЕДОНИЈА ЌЕ Ѝ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА СО ВОЕНИ СРЕДСТВА И ОПРЕМАВидот на средства кои се донираат е согласно барањата на Украина. - Министесрката за одбрана Славјанка Петровска и украинската амбасадорка Наталија Задорожњук (Фото: Министерство за одбрана)

    Македонската влада донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина, соопштија од Владата.

    „Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина“, велат од Владата.

    Одлуката на македонската влада доаѓа ден откако Европската унија објави дека ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската инвазија со помош во оружје и опрема.

    Досега, оружје најавија дека ќе испратат голем дел од членките на ЕУ и НАТО.

    Денеска е петтиот ден од руската инвазија на Украина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира