НАД 70 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО РАКЕТЕН НАПАД НА ВОЕНА БАЗА

    НАД 70 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО РАКЕТЕН НАПАД НА ВОЕНА БАЗАЛокални функционери објавија фотографии од уништениот четирикатен објект (Фото: Телеграм)

    Најмалку 70 украински војници загинале во руски ракетен напад на воената база во Октирка, град што се наоѓа меѓу Харков и Киев. Трагичниот биланс го потврди шефот на регионот Суми, Дмитро Живицки.

    Локални функционери објавија фотографии од уништениот четирикатен објект, додека спасувачите пребаруваат по урнатините. Украинскиот парламент соопшти дека нападот бил извршен со проектил „град“.

    Живицки кажа дека во нападот што се случил во неделата загинале и руски војници и локални жители. Суми се наоѓа под опсада на руските сили од почетокот на инвазијата минатата недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира