Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека викендов немало паника кај граѓаните и недостиг во продавниците, туку дел од трговците и производителите сами повлекле залихи викендов за да ги вратат денеска по нови цени.
До денеска важеше владината одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, а од денеска до 31 мај стапува во сила нова владина мерка за справување со инфлацијата, а тоа е ограничување на маржите на трговците.
„Нема да дозволиме да има манипулации и шпекулации. Повлекувањето на залихи во текот на викендот од одредени трговци и производители беше со цел да ги вратат денес назад со нови цени“, изјави Бектеши.
Владата одлучи да воведе највисока трговска маржа до 5 отсто на продажната цена на големо и на 10 отсто од продажната цена во трговијата на мало на основните прехранбени производи