СУДИЈКАТА ГО ИСКАРА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО ДЕКА ГО АРЧИ СУДОТ НА СУДЕЊЕТО НА ДЕМИРИ ОД ЛЕВИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИЈКАТА ГО ИСКАРА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО ДЕКА ГО АРЧИ СУДОТ НА СУДЕЊЕТО НА ДЕМИРИ ОД ЛЕВИЦА

    Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето против членот на партијата Левица и кандидат за пратеник Мариглен Демири, откако на денешното рочиште ја искара претставничката од Државното правобранителство дека доцна ја доставила проценката за материјалната штета од кршењето на стаклото на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.

    „Писмениот поднесок од Државното правобранителство сте го испратиле дури вчера. Јас го добив 10 минути пред судењево. Минатиот пат рочиштето беше одложено поради тоа што не сте биле подготвени. Државен правобранител да му прави трошоци на Судот со одлагања на рочишта е несериозно во најмала рака“, рече судијата Кацарска и поради ненавременото доставување на извештајот за направената штета, судењето го презакажа за 24 јануари идната година.

    Мариглен Демири се товари за учество на протестите во април годинава, како еден од демонстрантите кои ја демолирале Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

    Членови на Левица и денес пред Судот овој судски процес против Демири го оквалификуваа како притисок на власта кон членовите на оваа партија, кој продолжува и на почетокот на изборната кампања.

    Мариглен Демири се наоѓа на второто кандидатско место на листата на Левица за првата изборна единица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира