ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНОТО РАКЕТИРАЊЕ НА ХАРКИВ, РУСИТЕ ВЛЕГЛЕ ВО ЈУЖНИОТ ГРАД ХЕРСОН

    ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНОТО РАКЕТИРАЊЕ НА ХАРКИВ, РУСИТЕ ВЛЕГЛЕ ВО ЈУЖНИОТ ГРАД ХЕРСОНМеѓу погодените згради е и Националниот универзитет Каразин (Фото: АФП)

    Четири лица загинаа во денешното гранатирање на Харкив, објавија итните служби, додавајќи дека има и деветмина ранети. Проектилите ги погодија зградите на полицијата, Безбедносната служба на Украина и на Националниот универзитет Каразин.

    Градоначалникот Иван Терехов изјави дека руските сили делумно го окружија Харкив, но дека украинската војска херојски се држи.

    Харкив, вториот по големина град во Украина, веќе неколку дена е изложен на руски ракетирања, при што вчера загинале 21 цивил.

    Русија тврди дека нејзините сили од утрово го контролираат јужниот пристаништен град Херсон. Ако ова се покаже точно, Херсон ќе биде првиот регионален главен град освоен од Русите од почетокот на инвазијата пред седум дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира