САД И БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ЗАБРАНАТ УВОЗОТ НА РУСКАТА НАФТА

    САД И БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ЗАБРАНАТ УВОЗОТ НА РУСКАТА НАФТАБајден ја донесол одлуката во консултација со своите европски сојузници (Фото: АП)

    САД денеска објавија забрана за увоз на руските нафта, гас и јаглен, како дополнителен притисок врз руската економија поради инвазијата на Украина. И Велика Британија истовремено кажа дека постепено ќе го намалува увозот на нафтата и нафтените деривати до крајот на 2022.

    Овој потег следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски упати повик до европските лидери да запрат со увозот на руските енергенси, кои беа изоставени од досегашните строги санкции.

    „На овој начин, американскиот народ ќе му зададе уште еден силен удар на водството на Владимир Путин. Ние нема да бидеме дел од финансирањето на неговата војна“, изјави Бајден.

    И покрај тоа што ова може да доведе до ново поскапување на бензинот, одлуката на Бајден доби поддршка од двете партии.

    „Бранењето на слободата има своја цена“, предупреди Бајден.

    Бајден ја донесе одлуката во консултација со своите европски сојузници, кои се далеку позависни од руските нафта и гас. ЕУ се обврза постепено да ја намалува својата зависност од руските енергенси, но за тоа веројатно ќе треба време. САД не увезуваат природен гас од Русија, додека нафтата претставува мал дел од американскиот увоз. И покрај тоа, Бајден досега се двоумеше дали да ја воведе забраната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира