ОТКАКО ИЗБРА И УНАПРЕДИ 18 СУДИИ СО ОЦЕНКИ ОД 2013 И 2014, СУДСКИОТ СОВЕТ СЕГА ВОНРЕДНО ЌЕ ОЦЕНУВА ПОРАДИ ТРОЈКАТА НА ПАНЧЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТКАКО ИЗБРА И УНАПРЕДИ 18 СУДИИ СО ОЦЕНКИ ОД 2013 И 2014, СУДСКИОТ СОВЕТ СЕГА ВОНРЕДНО ЌЕ ОЦЕНУВА ПОРАДИ ТРОЈКАТА НА ПАНЧЕВСКИ

     

    Судскиот совет за првпат ќе врши вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд, одлучи Советот на денешната затворена седница, оти, како што изјави претседателот Зоран Караџовски, оценките на кандидатите биле стари, од 2014 година.

    Но, само во септември оваа година Советот унапреди и избра 18 судии, без да му пречат старите оценки. Во септември годинава, со стара оценка од 2014 беше избрана за Врховен судија и Снежана Бајлозова, која еден месец откако стана врховна судијка, се кандидира и за претседател на Врховниот суд.

    Најгласни во сомневањата дека со вонредното оценување на кандидатите се мести изборот на претседател не само на Врховниот, туку првенствено на Основниот суд Скопје 1, се 15-темина судии од Кривичниот суд, кои поднесоа претставка против актуелниот претседател Владимир Панчевски, пред Советот за утврдување на факти за разрешување на судии. Тие за САКАМДАКАЖАМ.МК тврдат дека со вонредното оценување, ќе се вметне и 2015, за да се анулира последната оценка за работата на Панчевски, оценет во 2014 со тројка, но и да ѝ се одземат поени на претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, бидејќи поради тоа што Судскиот совет над една година не ѝ бираше врховни судии, во 2015 и 2016 таму се регистрирани заостанати, нерешени предмети.

    Зад затворени врати денеска Судскиот совет расправаше и за состојбите во Основниот суд Скопје 1 и за кривичните пријави против претседателот Панчевски, но и неговата контракривична пријава за судијата Иван Џолев, кој му е против кандидат за претседателското место. Се разговарало и за претставките за разрешување што си ги поднеле меѓусебно и, како што рече Караџовски, заземен е став во иднина угледот на судот да се штити, пред сѐ од јавни настапи за меѓусебните проблеми, а тие да се решаваат преку институциите.

    На новинарско прашање дали е нарушен угледот конкретно на Кривичниот суд, Караџовски одговори дека поради недоволно добрата состојба во тој суд, нарушен бил угледот на целото судство. Тој не е за формирање специјално судско одделение и не смета дека нарушувањето на меѓучовечките односи во судот на Панчевски има врска со однесувањето на судиите кон предметите на Специјалното обвинителство.

    С. К. Делевска

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира