НЕ ДОБИВ ГАРАНЦИИ ОД ЛАВРОВ ДЕКА ЌЕ ЗАПРАТ СО НАПАДИТЕ, КАЖА УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КУЛЕБА

    НЕ ДОБИВ ГАРАНЦИИ ОД ЛАВРОВ ДЕКА ЌЕ ЗАПРАТ СО НАПАДИТЕ, КАЖА УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КУЛЕБАМртви тела се положуваат во масовна гробница на периферијата на Мариупол (Фото: АП)

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави по средбата со својот руски колега Сергеј Лавров во Анталија дека Русија планира да ја продолжи офанзивата, барајќи капитулација од Киев, што нема да ја добие.

    „Украина е подготвена за балансирани дипломатски решенија, но и да се брани. Војната не може да запре ако Русија нема желба за тоа. Не добив гаранции од Лавров дека Русија ќе запре со нападите за да можат да се евакуираат цивили“, кажа Кулеба, признавајќи дека не му било лесно да разговара со Лавров.

    Тој како приоритети ги истакна 24-часовно примирје и отворање на хуманитарен коридор од Мариупол, каде што ситуацијата е најтешка.

    „Се надевам дека Лавров ќе разговара со оние кои носат одлуки во Кремљ за да профункционира тој коридор“, рече Кулеба.

    На одделна прес-конференција. Лавров кажа дека Владимир Путин не би одбил да се сретне со Володимир Зеленски, негирајќи дека Русија ја нападнала Украина, туку дека тоа е специјална операција.

    „Западот се однесува опасно со тоа што ја снабдува Украина со оружје. Пентагон исто така ја користи украинската територија за развој на патогени со кои може да се создаде биолошко оружје“, кажа Лавров.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира