77-годишен маж почина додека чекал ред да купи зејтин во супермаркет во Бургас, Бугарија, објавија бугарските медиуми. Кога дошла Брзата помош само констатирала смрт.
„Човекот почина во супермаркетот. Го турнаа и му се слоши. Беше лудница, тој падна, посине и почина. Редот беше огромен“, кажа жена која пазарувала во супермаркетот за бугарската телевизија „Нова“.
Редот бил долг околу 300 метри и бил за зејтин на промоција. Такви редови имало и по другите супермаркети од синџирот.