ОД ДЕНЕС ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД ЗБИРКАТА НА МСУ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ДЕНЕС ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД ЗБИРКАТА НА МСУ

    Голема изложба на скулптури на врвни странски и домашни автори од збирките на Музејот на современа уметност (МСУ) се отвора денес во 14 часот. Ова е римејк на изложбата „Нефигуративните тенденции во 1960-тите, скулптура – објект – слика“ од 1992, а авторка на поставката е Марика Бочварова-Плавевска.
    „За карактерот на оваа изложба се битни неколку моменти, а тоа пред сè е изборот на експонатите, направен исклучиво од колекцијата на музејот во кој се депонирани најмногу дела од 1960-тите години. Меѓу нив се скулптури и објекти што и тогаш биле презентирани во постојаната поставка – Калдер, Јакобсен, Адамс, Нил, Кемени, Кола, Апвиани, Ажди, Пан, Карино, Рихтер, Јевриќ, Џамоња. Главен акцент е ставен на проблемот, актуелен и инициран и од самите автори, профилиран како констатација дека скулпyрата или сликата излегуваат од конвенционалните рамки и се конституираат како објект, што е последица на многубројните експерименти и на промени во овие медиуми, особено во скулптурата“, вели Бочварова-Плавевска.
    Меѓу авторите што се вклучени во овој избор се: Етјен Ажди, Вјенцеслав Рихтер, Душан Џамоња, Роберт Адамс, Ото Лого, Доротеа Данлоп, Брајан Нил, Марта Пан, Роберт Јакобсен, Александер Калдер и други, а од македонските: Јордан Грабул, Стефан Маневски, Петар Хаџи Бошков и Томо Шијак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира