ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ НЕ МОЖАТ ДА ПОЧНАТ ДОДЕКА НЕ ГИ РЕШИТЕ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРАШАЊА СО БУГАРИЈА, КАЖА БОРЕЛ ВО СКОПЈЕ

    ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ НЕ МОЖАТ ДА ПОЧНАТ ДОДЕКА НЕ ГИ РЕШИТЕ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРАШАЊА СО БУГАРИЈА, КАЖА БОРЕЛ ВО СКОПЈЕВисокиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел е во дводневна посета на Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел кажа дека проширувањето на ЕУ не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања и ги поттикнува македонската и бугарската влада да најдат заемно прифатливи решенија за билатералните прашања.

    На денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Владата, Борел рече дека го разбира разочарувањето кое што го чувствуваат Македонците, но не може да вети датум за почеток на пристапните преговори.

    „Ова е момент за будење на Европа. Ова е момент да се заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Го поздравувам новиот импулс меѓу Бугарија и Северна Македонија и ги поттикнувам двете страни да најдат заемно прифатливи решенија за билатералните прашања затоа што проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања. Да бидам искрен, сосема го разбирам разочарувањето што го чувствувате. Преговорите за пристапување со Албанија и Северна Македонија се висок приоритет за ЕУ и ние постојано проценуваме дека земјата е подготвена за пристапните преговори. Тоа не е реторика, туку изјава за намера. Но, знаете дека има еден проблем. Се обидуваме да го решиме проблемот со сите наши капацитетите. Билатералните прашања не смеат да загрозуваат никаков веќе процес на пристапување, дури ни ако се засновани етничко лингвистички согледувања. Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја, а каде што има волја има и начин“, изјави Борел.

    Тој ѝ се заблагодари на македонската влада за „јасното осудување и цврстиот став против руската агресија и цврстата поддршка за Украина и украинскиот народ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира