Студентскиот пленум се огради од двете здруженија со името „Студентски пленум“, кои беа регистрирани минатата недела во петокот. Едното е регистрирано како Здружение „Студентски Пленум“, додека другото е Здружение за заштита и одбрана на студентските права „Студентски Пленум – Скопје“. Како претседател на двете здруженија се јавува истото лице со различни потписи, велат од Студентски пленум
„Ние се оградуваме од ова, бидејќи ставот е дека Студентскиот Пленум е иницијатива, движење, кое од наша страна не е регистрирано и никогаш немаше намера да се регистрира. Ова е злоупотреба и манипулација од страна на овие лица“, соопшти Студентски пленум.