Украинските сили велат дека го убиле четвртиот руски генерал од почетокот на инвазијата на Украина, која утре влегува во четвртата недела. Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, кажа дека генерал-мајорот Олег Митјаев (47) загинал во жестоките борби на периферијата на Мариупол.
„Митјаев беше командир на 150. моторизирана дивизија“, напиша Герашченко на „Телеграм“.
И украинскиот претседател Зеленски претходно извести за смртта на уште еден руски генерал, без да го именува.
Се верува дека 20-мина руски генерали се присутни на фронтот во Украина.