Скривницата во театарот во Мариупол, кој вчера бил бомбардиран од руски авиони, не е оштетена и најголем дел од луѓето кои се криеле таму се живи, објавија локалните власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го бомбардирала театарот, иако знаела дека таму се кријат повеќе од илјада цивили.
„Зградата е уништена, повеќе од илјада жени и деца се во скривницата во подрумот. Добивме информација дека скривницата издржала, но засега не знаеме дали има повредени и загинати. Но, се чини дека најголем дел од луѓето преживеале и се добро“, изјави пратеникот од Мариупол, Дмитро Гурин.
Мариупол се соочува со хуманитарна катастрофа со денови, додека руските сили продолжуваат да го гранатираат. Вчера попладне беше погоден и театарот, кој бил претворен во засолниште за раселените. Локалните власти сè до утрово немаа никакви информации за луѓето кои се криеле таму.