Во швајцарските банки се складирани над 200 милијарди долари од руското богатство, процени Асоцијацијата на швајцарските банкари (СБА) откако западните санкции за Русија понудија редок увид во швајцарските сефови.
СБА проценува дека руските клиенти имаат вложено меѓу 150 и 200 милијарди швајцарски франци (213 милијарди долари) на офшор сметките во швајцарските банки.
Ова е ретко откритие за Швајцарија, која строго се противеше на сите претходни барања за транспарентност и следува откако земјата, спротивно на својата неутралност, ги поддржа санкциите на Европската Унија за Русија. Копретседателката на Социјалдемократите, Матеа Мајер, ја повика Швајцарија да ги блокира сите пари што им припаѓаат на руските државјани блиски со Владимир Путин и Кремљ.
„Дел од овие пари се на олигарсите лојални на Кремљ. Со тие пари се финансира војната“, вели Мајер.