БУГАРИЈА ПРОТЕРА УШТЕ 10 РУСКИ ДИПЛОМАТИ

    БУГАРИЈА ПРОТЕРА УШТЕ 10 РУСКИ ДИПЛОМАТИ10-те руски дипломати имаат рок од 72 часа да ја напуштат Бугарија. (Фото: Бугарско МНР)

    На предлог надлежните власти во Бугарија, во согласност со премиерот Кирил Петков, Бугарија денеска прогласи 10 руски дипломати за персона нон грата и им даде рок од 72 часа да ја напуштат земјата, соопшти бугарското МНР.

    Руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова го оцени овој акт на бугарските власти како исклучително непријателски и додаде дека Москва го задржува правото за реципрочни дејствија.

    На 3 март, бугарското МНР прогласи за персона нон грата двајца руски дипломати поради наводно шпионирање против Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира