ИЛОН МАСК ВО ГЕРМАНИЈА ЈА ОТВОРИ ПРВАТА „ГИГАФАБРИКА“ НА „ТЕСЛА“ ВО ЕВРОПА

    ИЛОН МАСК ВО ГЕРМАНИЈА ЈА ОТВОРИ ПРВАТА „ГИГАФАБРИКА“ НА „ТЕСЛА“ ВО ЕВРОПАМаск ја отвори фабриката во присуство на германскиот канцелар Олаф Шолц (Фото: Гети)

    Илон Маск отвори огромна фабрика за електрични автомобили во Германија, што е прв европски центар на неговата компанија „Тесла“. Таканаречената гигафабрика чинеше пет милијарди евра, што е најголемата инвестиција во германската автоиндустрија во поново време.

    „Тесла“ планира да вработи 12.000 луѓе во фабриката, од кои 3.000 веќе се ангажирани.

    „Ова е голем ден за фабриката и уште еден чекор напред кон одржлива иднина“, изјави Маск во присуство на германскиот канцелар Олаф Шолц.

    Сепак, еколошки групи протестираа пред фабриката, меѓу другото, и затоа што Маск исече цела шума за да ја изгради фабриката.

    Во полн капацитет, фабриката ќе произведува половина милион возила годишно, додека „Фолксваген“ лани продаде 450.000 електрични автомобили низ цел свет. „Тесла“ на 4 март доби дозвола од локалните власти за почеток на производството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира