Искусниот реформатор и долгогодишен соработник на Путин, Анатолиј Чубаис, ја напуштил Русија поради своето неслагање со руската инвазија на Украина. Тој досега ја извршуваше функцијата специјален претставник на Кремљ за врските со меѓународни организации.
Државната агенција ТАСС цитираше извор близок до Чубаис дека тој веќе се наоѓа во Турција и немал намера да се враќа во Русија. Чубаис е најугледниот руски функционер кој му го свртел грбот на Путин од почетокот на инвазијата пред еден месец.
Чубаис беше моќна фигура во 1990-ите и архитект на контроверзната приватизација на Русија и нејзиниот премин кон пазарна економија. Токму тој го донесе Путин во Кремљ и остана негов близок соработник повеќе од две децении.