ОКОЛУ 300 ЛУЃЕ ЗАГИНАЛЕ ВО РУСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА ТЕАТАРОТ ВО МАРИУПОЛ, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕ

    ОКОЛУ 300 ЛУЃЕ ЗАГИНАЛЕ ВО РУСКОТО БОМБАРДИРАЊЕ НА ТЕАТАРОТ ВО МАРИУПОЛ, ВЕЛАТ ВЛАСТИТЕСателитска снимка од театарот во Мариупол, кој беше погоден на 16 март (Фото: АП)

    Околу 300 луѓе загинале во рускиот воздушен напад на театарот во Мариупол минатата недела, изјавија украинските власти. Театарот беше погоден на 16 март, иако покрај него со големи букви беше напишано „Деца“, со цел да биде видливо од воздух.

    Во моментот на нападот, во театарот имало околу 600 цивили, главно жени и деца, од кои 300 биле во скривницата во подрумот. Властите во прв момент кажаа дека најголем дел од нив преживеале.

    „Очевидците кажуваат дека околу 300 луѓе загинале во серијата напади на руските авиони на театарот“, објави градското собрание на Мариупол на Телеграм.

    Русија негира дека го бомбардирала театарот.

    Мариупол интензивно се гранатира од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, што предизвика хуманитарна катастрофа во градот, а коридорите за евакуација на цивилите речиси да не функционираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира