РУСИЈА ПОЧНА ВОЕНИ ВЕЖБИ НА ОСТРОВИ ЗА КОИ ВОДИ СПОР СО ЈАПОНИЈА

    РУСИЈА ПОЧНА ВОЕНИ ВЕЖБИ НА ОСТРОВИ ЗА КОИ ВОДИ СПОР СО ЈАПОНИЈАОваа недела, Русија се повлече од мировните разговори со Токио (Фото: Кјодо)

    Русија објави дека спроведува воени вежби на острови за кои што води спор со Јапонија, неколку дена откако се повлече од мировните преговори, како одговор на санкциите што Токио ги воведе за Москва поради инвазијата на Украина.

    Четирите острови, што Русија ги нарекува Јужни Курили, а за Јапонија се Северни Територии, се предмет на повеќе од 70 години долгиот спор помеѓу двете земји. Поради тоа, Русија и Јапонија сè уште немаат потпишано мировен договор за крај на Втората светска војна.

    Во почетокот на оваа недела, Русија се повлече од разговорите со Токио поради неговиот цврст став за инвазијата на Украина.

    Русија кажа дека во вежбите учествуваат 3.000 војници и стотици воени возила. Јапонските медиуми објавија дека вежбите се одржуваат на територија што Советски Сојуз ја зазеде на крајот на Втората светска војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира