СЕДМИ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ЗАГИНАЛ ВО УКРАИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА

    СЕДМИ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ЗАГИНАЛ ВО УКРАИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТАГенерал-полковникот Јаков Резанцев бил командир на руската 49. комбинирана армија (Фото: Викимедија)

    Украинското министерство за одбрана соопшти дека уште еден руски генерал загинал во Украина, во напад на команден центар во близина на јужниот град Херсон. Генерал-полковникот Јаков Резанцев (48) бил командир на руската 49. комбинирана армија.

    Западни извори велат дека Резанцев е седмиот руски генерал кој загинал од почетокот на инвазијата на 24 февруари и втор генерал-полковник, што е највисок чин во руската војска. Во претходен напад на истата база загинал генерал-полковникот Андреј Мордвичев. Русија досега ја потврди смртта на само еден генерал, како и на заменик-командир на црноморската флота.

    Херсон беше првиот и засега единствен поголем украински град што го освоија руските сили.

    Невообичаено е толку голем број на високи руски офицери да бидат блиску до бојното поле и западните земји веруваат дека тие се обидуваат да го подигнат моралот на своите трупи, нарушен од силниот украински отпор, слабата опременост и големите загуби во сопствените редови. Се верува и дека руските сили доста се служат со отворени системи за комуникација, како мобилни телефони и аналогни радиоуреди, кои лесно се пресретнуваат и ја оддаваат позицијата на високите офицери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира