БОМБАРДИРАЊЕТО НА МАРИУПОЛ ЌЕ ЗАПРЕ КОГА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ЌЕ СЕ ПРЕДАДАТ, МУ РЕКОЛ ПУТИН НА МАКРОН

    БОМБАРДИРАЊЕТО НА МАРИУПОЛ ЌЕ ЗАПРЕ КОГА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ЌЕ СЕ ПРЕДАДАТ, МУ РЕКОЛ ПУТИН НА МАКРОННовите сателитски снимки на „Максар“ покажуваат дека станбени населби се срамнети со земја

    Владимир Путин му рекол на Емануел Макрон дека гранатирањето на Мариупол ќе запре само кога украинските сили ќе се предадат. Двајцата лидери синоќа имале едночасовен телефонски разговор.

    Франција кажа дека Путин се согласил да ги разгледа плановите за евакуација на цивилите од најуништениот украински град од почетокот на руската инвазија. Новите сателитски снимки на американската компанија „Максар“ покажуваат дека цели станбени населби во градот се срамнети со земја.

    „Ситуацијата во градот е катастрофална. Цивилното население мора да се заштити и да му се дозволи да го напушти градот“, кажаа од француската претседателска палата.

    Франција, како и Грција и Турција му ги презентираа на Путин своите планови за евакуација на жителите на Мариупол.

    „За да се реши хуманитарната ситуација во градот, украинските националистички милитанти мора да престанат да даваат отпор и да го положат оружјето“, соопшти Кремљ.

    Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, кажа дека досега загинале речиси 5.000 луѓе, од кои 210 деца. Аналитичарите велат дека Русите се блиску до целосно освојување на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира