БРУС ВИЛИС ВЕЌЕ НЕМА ДА ГЛУМИ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ

    БРУС ВИЛИС ВЕЌЕ НЕМА ДА ГЛУМИ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ67-годишниот Вилис ја почна кариерата во 80-те како телевизиски актер, по што се наметна како една од најголемите ѕвезди од акционите филмови. Покрај „Умри машки“, тој глумеше во „Евтини приказни“, „Петтиот елемент“, „12 мајмуни“ и „Шесто сетило“. (Фото: Вајримиџ)

    Брус Вилис, американскиот актер најпознат по серијалот филмови „Умри машки“, веќе нема да глуми откако му беше дијагностицирана афазија. Според соопштението на неговото семејство, тој „има здравствени проблеми и неодамна му беше дијагностицирана афазија, нешто што влијае на неговите когнитивни способности“.

    „Како резултат на ова и по многу размислување, Брус реши да се повлече од кариерата што толку многу му значеше“, се вели во соопштението.

    67-годишниот Вилис ја почна кариерата во 80-те како телевизиски актер, по што се наметна како една од најголемите ѕвезди од акционите филмови. Покрај „Умри машки“, тој глумеше во „Евтини приказни“, „Петтиот елемент“, „12 мајмуни“ и „Шесто сетило“.

    Вилис беше во брак 23 години со колешката Деми Мур, со која имаат три ќерки. Тој има и две ќерки со неговата втора сопруга, Ема Хеминг Вилис.

    Афазија е медицинска состојба која се карактеризира со потешкотии со говорот и често е предизвикана од оштетувања на левата страна на мозокот. Најчести причини се мозочен удар, сериозна повреда на главата, мозочен тумор и невролошки состојби како деменција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира