РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАМИНАА ОД ЧЕРНОБИЛ ОТКАКО БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РАДИЈАЦИЈА

    РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАМИНАА ОД ЧЕРНОБИЛ ОТКАКО БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РАДИЈАЦИЈАПо заземањето на Чернобил, руските сили го задржаа украинскиот персонал (Фото: Гети)

    Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека руските сили заминале од некогашната нуклеарна централа Чернобил, што ја освоија во почетокот на инвазијата.

    „Руските сили ја префрлиле контролата врз централата на украинскиот персонал. Во централата веќе нема надворешни лица“, соопшти ИАЕА.

    По заземањето на Чернобил, руските сили го задржаа украинскиот персонал за да продолжи со секојдневните активности.

    Државната нуклеарна компанија „Енергоатом“ кажа дека руските сили ископале ровови во најконтаминираниот дел од затворената зона, при што биле изложени на значителни дози радијација. Според непотврдени информации, некои војници биле префрлени на лекување во Белорусија.

    Агенцијата „Ројтерс“ цитираше работници од централата кои кажаа дека некои од војниците не знаеле дека се наоѓаат во зоната на радијација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира