ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ЈАВУВААТ ВО БУГАРИЈА И ВЕЛАТ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОГОВОР БИДЕЈЌИ КАЈ НАС ЌЕ ИМАЛО ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ОСМАНИ

    ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ЈАВУВААТ ВО БУГАРИЈА И ВЕЛАТ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОГОВОР БИДЕЈЌИ КАЈ НАС ЌЕ ИМАЛО ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ОСМАНИЗа на вметнувањето на бугарската заедница во македонскиот Устав, Османи вели дека тешко оти тоа ќе може да се направи пред почетокот на преговорите со ЕУ, но вели дека разговараат со Бугарија дали ќе може тоа да се стори во текот на процесот на преговори или до пред крај на преговорите. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи откри дека неделава лица од македонските институции се јавувале во Бугарија и тврделе дека наскоро ќе има предвремени избори и поради тоа се непотребни актуелни напори за решавање на спорот и одблокирање на македонските евроинтеграции.

    Зборувајќи на редовниот брифинг за новинарите, Османи рече дека тоа се случува во период кога се зголемуваат изгледите за изнаоѓање на решение и дека станува збор за лица на иста линија со лицата од Бугарија за кои зборува бугарскиот премиер Кирил Петков.

    „Колку повеќе ќе се зголемуваат изгледите за изнаоѓање на решение за забрзување на европскиот пат, толку повеќе ќе се најдат вознемирени луѓето кои цело време работеа оваа перспектива да не се случи. Еве ќе земам еден конкретен пример, оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Бугарија кажувајќи дека непотребен e целиот ангажман затоа што овде ќе се оди брзо избори, дека ќе има предвремени избори и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение. Таквите обиди се од луѓе во институции кои се на иста линија со оние кои ги коментира премиерот на Бугарија Петков. Луѓе кои ќе се обидат да го задржат отворено прашањето со Бугарија, да го одржат закочен процесот на европска интеграција, за да може овој регион секогаш да биде платформа за некој да го користи за остварување на свои цели. Регионот, земјите членки, ЕУ, Трансатлантскиот сојуз имаат потреба за стратешко лидерство во овој период со цел регионот да се консолидира безбедносно, политички и економски“, рече Османи.

    Министерот додаде дека не може да каже за кои луѓе или институции станува збор, бидејќи тоа се испитува.

    Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера кажа дека осомничените руски шпиони во бугарските институции работеле да се расипат односите меѓу Софија и Скопје. Осомничени се тројца Бугари, двајца од нив работеле со Државната агенција за национална безбедност, а третиот во министерство, нов бугарските власти не откриваат во кое.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира