Францускиот претседател Емануел Макрон се приклучи на осудите за убиствата на цивили во Буча, предградие на Киев.
„Снимките од Буча, ослободен град близу Киев, се неподносливи. На улиците, стотици цивили убиени на кукавички начин. Моето сочувство за жртвите, мојата солидарност за Украинците. Руските власти ќе мора да одговараат за овие криминали“, напиша Макрон на Твитер.
Украинската војска вчера ја ослободи Буча, како и целиот киевски регион, откако руската војска се повлече кон Белорусија, од каде што го нападна главниот град на Украина пред повеќе од пет недели.
Новинарските екипи кои влегоа со украинската војска затекнаа мртви тела на цивили по улиците, некои од нив со заврзани раце зад грб.
Украинските власти соопштија дека во масовна гробница во Буча се закопани 57 луѓе.