ЛИТВАНСКИ РЕЖИСЕР УБИЕН ВО МАРИУПОЛ, ЗА КОЈ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦ

    ЛИТВАНСКИ РЕЖИСЕР УБИЕН ВО МАРИУПОЛ, ЗА КОЈ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦМантас Кведаравичиус беше најпознат по документарниот филм „Мариуполис“ (Фото: Твитер)

    Литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус загина во Мариупол, градот чија судбина ја документираше со години.

    „Руските окупатори го убиле литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус додека тој се обидувал да го напушти Мариупол“, соопшти украинското министерство за одбрана на Твитер.

    Четириесет и петгодишниот Кведаравичиус беше најпознат по документарниот филм „Мариуполис“, кој имаше премиера на Берлинале во 2016. Филмот дава портрет на Мариупол, стратешки важен пристаништен град за кој проруските сепаратисти и украинските сили се бореа и во 2014, а денес е најуништениот град од почетокот на руската инвазија.

    „Изгубивме креатор добро познат во Литванија и светот, кој и покрај опасноста, до последен момент работеше во Украина“, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа.

    „Амнести интернешнал“ го награди Кведаравичиус на Берлинале во 2011 за филмот „Барзах“, снимен во Чеченија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира