РУСИТЕ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕКОА ОД РЕГИОНОТ СУМИ, КАЖАА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

    РУСИТЕ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕКОА ОД РЕГИОНОТ СУМИ, КАЖАА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИСуми беше еден од првите градови кои беа нападнати од руските сили (Фото: ЕПА)

    Гувернерот на Суми, Дмитро Живицки, изјави дека руските сили целосно си заминале од овој североисточен регион.

    „Тие веќе не окупираат ниедно населено место во регионот“, кажа Живицки.

    Тој додаде дека минатата недела пристигнале нови руски трупи во регионот, чија цел била да помогнат во повлекувањето.

    Суми се наоѓа 50-ина километри од руската граница и беше еден од првите градови кои беа нападнати од руските сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира