Европската Унија подготви нови санкции за Русија, како реакција на масакрот на цивили во Буча, за кој Украина и западот ги обвинуваат руските сили.
„Москва води сурова и безмилосна војна и злосторствата во Украина не можат да поминат неказнето“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која најави дека ќе го посети Киев.
Санкциите вклучуваат забрана за увоз на јаглен од Русија, целосна забрана за трансакции со четири клучни руски банки, забрана за влез на руски бродови во пристаништата во ЕУ и забрана за увоз на нови производи, како алкохол, морска храна и дрво.
Планот треба да биде одобрен од сите 27 членки на ЕУ. Досега постоеше поделеност во ЕУ околу санкциите за Русија, бидејќи земји како Германија се силно зависни од увозот на руските енергенси.