РУСИТЕ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕКОА ОД КИЕВ И ЧЕРНИХИВ, ВЕЛИ ПЕНТАГОН

    РУСИТЕ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕКОА ОД КИЕВ И ЧЕРНИХИВ, ВЕЛИ ПЕНТАГОНБородјанка остана целосно уништена по повлекувањето на руските трупи (Фото: АП)

    Пентагон соопшти дека руските сили го комплетирале повлекувањето од регионите на Киев и Чернихив.

    „Тие го завршиле повлекувањето со цел повторно да се консолидираат и опремат во Белорусија и Русија. Моментално нема присуство на руски трупи во и околу Киев и Чернихив“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека Владимир Путин не остварил ниедна од своите стратешки цели.

    „Русите презеле контрола врз некои мали населени места, но засега го немаат заземено Харкив“.

    Ова следува откако Москва објави дека ќе ги фокусира своите напори на источниот регион Донбас. Од Пентагон велат дека Русите можеби повторно ќе тргнат на Киев во иднина и нејасно е дали повлечените трупи ќе се вратат.

    Според Институтот за проучување војна, руските сили кои се повлекоа од киевскиот регион веројатно нема да ја повратат својата борбена ефективност некое време. Бројот на повлечените војници се проценува на 24.000.

    „Од 130 руски баталјони кои беа испратени во Украина, повеќе од 80 остануваат во земјата“, велат од институтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира