БРАНИТЕЛИТЕ НА МАРИУПОЛ ВЕЛАТ ДЕКА ГИ ЧЕКА ПОСЛЕДНАТА БИТКА СО РУСИТЕ ЗАШТО ВЕЌЕ НЕМААТ МУНИЦИЈА

    БРАНИТЕЛИТЕ НА МАРИУПОЛ ВЕЛАТ ДЕКА ГИ ЧЕКА ПОСЛЕДНАТА БИТКА СО РУСИТЕ ЗАШТО ВЕЌЕ НЕМААТ МУНИЦИЈАМариупол со недели е под опсада на руските сили (Фото: Гети)

    Украинските сили велат дека можеби ги чека последната битка за Мариупол против Русија.

    „Денеска веројатно ќе ја имаме последната битка, ни снемува муниција. Тоа ќе биде смрт за некои, а заробеништво за останатите“, стои на фејсбук страницата што ѝ припаѓа на 36. поморска бригада.

    Претседателот Володимир Зеленски денеска кажа дека десетици илјади луѓе веројатно загинале во Мариупол, стратешки важен пристаништен град, чие освојување ќе им овозможи на руските сили копнено да ги поврзат Крим и отцепените региони во источна Украина. Градот е под опсада од почетокот на инвазијата и секојдневно жестоко се бомбардира.

    „Мариупол е претворен во пепел“, кажа Зеленски.

    Триесет и шестата поморска бригада предупреди дека по 47 дена бранење на градот е опколена од руската армија и се соочува со борба гради в гради.

    „Сторивме сè што е можно и невозможно за да го запреме руското напредување. Имаме планина од ранети, кои сочинуваат половина од бригадата. Оние на кои не им се откинати екстремитети се вратија во борба. Целата пешадија загина и останаа артилерци, радиооператори, возачи и готвачи“, напишаа од бригадата.

    Таа се пожали дека не добила доволно поддршка од други делови на украинската војска, а ветената помош никогаш не пристигнала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира