Повеќе од 1.000 војници на украинската 36. поморска бригада, вклучувајќи 162 офицери, се предале денеска во опколениот град Мариупол, соопшти руското министерство за одбрана.
„Како резултат на успешните офанзиви на руските вооружени сили и на милицијата на Народната Република Доњецк, 1.026 украински војници од 36. поморска бригада доброволно го положија оружјето и се предадоа кај челичарницата ‘Илич‘“, стои во соопштението.
Веста не беше коментирана од кабинетот на Зеленски и генералштабот на украинската војска.
Русија кажа дека 151 ранет војник примиле прва помош на самото место и потоа биле превезени во болница во Мариупол. Руската телевизија објави снимки од наводното предавање.
Бранителите на Мариупол во понеделникот признаа дека им снемува муниција и дека ги чека последната битка за градот.