ГРЦИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОВИД МЕРКИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА

    ГРЦИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОВИД МЕРКИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНАOд 1 мај до 31 август нема да се бара потврда за вакцинирање или прележан ковид-19 за влез во местата (Фото: Катимерини)

    Грција ќе ги укине сите ковид мерки во текот на летната сезона, како носење маска во затворено и ковид сертификати, кои повторно би можеле да бидат воведени во септември.

    Ширењето на коронавирусот во Грција се намали во изминатите недели, при што вчера биле забележани 15.000 нови случаи и 64 починати лица. Во земјата со 11 милиони жители, 72% се целосно вакцинирани.

    Летната туристичка сезона во Грција вообичаено почнува по православниот Велигден, кој оваа година е на 24 април. Грција очекува голема бројка туристи оваа година, при што властите предвидуваат приходите да бидат на 80% од нивото од 2019, која беше најуспешната година за грчкиот туризам.

    Според министерот за здравство Танос Плеврис, од 1 мај до 31 август нема да се бара потврда за вакцинирање или прележан ковид-19 за влез во затворени и отворени места, а можеби ќе се укине и барањето за дигитален ЕУ сертификат за влез во земјата. Исто така, и носење маска во затворено нема да биде задолжително.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира