Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Македонија, кој ќе стапи на должност во јули годинава, по истекувањето на мандатот на амбасадорката Рејчел Галовеј, соопшти британската Влада.
Според биографијата на Лосон, објавена на официјалната веб страница на британската Влада, тој во Скопје доаѓа од амбасадорската функција во Таџикистан. Во неговата дипломатска служба се и должности во амбасадите во Босна и Херцеговина и во Канада, како и во одделите за Пакистан и Авганистан во британското Министерство за надворешни работи.