Џо Бајден одобри нова воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, која вклучува напредни системи и тешка артилерија. Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, САД обезбедија воена помош за Украина во вкупна вредност од 2,5 милијарди долари.
„Не смееме да запреме сега. Како што му реков и на претседателот Зеленски, американскиот народ ќе продолжи да го поддржува храбриот украински народ во неговата борба за слобода“, изјави Бајден.
Новиот пакет вклучува 11 хеликоптери „Ми 17“, 18 155-милиметарски топови „хаубица“ заедно со 40.000 гранати, 200 оклопни превозни возила, противартилериски радари и 100 дронови „свичблејд“. Попознати како камиказе дронови, тие летаат со брзина од 100 километри на час и носат камери, системи за водење и експлозив, при што сами се забиваат во метата. Нивната мисија може да биде прекината или пренасочена во кое било време.
Ова е првпат САД да испраќаат „хаубици“ во Украина.