ШТРАЈКОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ ДА НЕ БИДЕ ВРЗ ГРБОТ НА УЧЕНИЦИТЕ, АПЕЛИРАШЕ ДИ ЏОВАНИ ОД УНИЦЕФ

    ШТРАЈКОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ ДА НЕ БИДЕ ВРЗ ГРБОТ НА УЧЕНИЦИТЕ, АПЕЛИРАШЕ ДИ ЏОВАНИ ОД УНИЦЕФАпелирам до сите засегнати страни да изнајдат алтернативни начини за да штрајкуваат зашто децата изгубија многу, рече преставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани. (Фото: СДК.МК)

    Наставниците имаат право да бараат повисоки плати, но тоа да не биде на грбот на учениците кои и онака со пандемијата изгубија многу часови, туку да се изнајдат нови начини за штрајкување, рече преставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани.

    „Ова е чудна ситуација помеѓу чеканот и наковалната. Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права за обезбедување на поголеми плати, но тоа никако не може да биде врз грбот на учениците кои и така со пандемијата и другите случувања во блиското минато изгубија многу часови. Апелирам до сите засегнати страни да изнајдат алтернативни начини за да штрајкуваат зашто децата изгубија многу и навистина е многу лошо децата да станат жртви на ова што се случува сега. УНИЦЕФ нема да коментира поподробно, но би повикала на наоѓање поиновативни начини за штрајкување на просветните работници“, рече Ди Џовани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира