СЕ ВРАТИЈА БЛЕСКАВИТЕ ПАРАДИ НА КАРНЕВАЛОТ ВО РИО ПО ДВЕГОДИШНА ПАУЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА

    СЕ ВРАТИЈА БЛЕСКАВИТЕ ПАРАДИ НА КАРНЕВАЛОТ ВО РИО ПО ДВЕГОДИШНА ПАУЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТАКарневалот во Рио годинава беше одложен поради Омикрон сојот. (Фото: Фејсбук/Рио Карневал)

    Најдобрите школи за самба од Рио Де Жанеиро почнаа со парадите на славниот Карневал, првпат по двегодишна пауза поради пандемијата на ковид-19. Шарените платформи и раскошните танчери викендов се појавија на парада пред десетици илјади фанови на Самбадромот, кој изминативе две години служеше како прифатилиште за бездомници и вакцинален пункт.

    Кетула Мело (38), муза на школото „Императриз Леополдиненсе“, облечена како богиња на афробразилските религии, е пресреќна што се враќа на Самбадромот.

    „Овие две години беа ужасни. Сега можеме да бидеме среќни повторно“, кажа Мело.

    Шарените платформи и раскошните танчери викендов се појавија на парада пред десетици илјади фанови на Самбадромот, кој изминативе две години служеше како прифатилиште за бездомници и вакцинален пункт. (Фото: Фејсбук/Рио Карневал)

    Самбадромот во Рио е дом на парадата уште од 1980-те и е симбол на бразилските карневалски активности.

    Првиот случај на ковид-19 во Бразил беше потврден во средината на март 2020 година, само што заврши Карневалот таа година. Минатата година беше одложен поради појавата на Делта сојот, а годинава беше одложен поради Омикрон сојот.
    Повеќе од 663 илјади Бразилци починаа од ковид-19, што е втора највисока бројка во светот, по САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира