РУСИЈА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ХРВАТСКА ОТКАКО НЕ ДОЗВОЛИ ЛЕТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ПРОТЕРАНИТЕ ДИПЛОМАТИ

    РУСИЈА Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ХРВАТСКА ОТКАКО НЕ ДОЗВОЛИ ЛЕТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ПРОТЕРАНИТЕ ДИПЛОМАТИСпоред портпаролката на руското МНР Захарова, Хрватска продолжува да спроведува антируска политика, систематски уништувајќи ги билатералните односи. (Фото: Руско МНР)

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ѝ се закани на Хрватска откако Загреб не дозволи лет за да бидат евакуирани 24 протерани дипломати од руската амбасада.

    Според Захарова, Хрватска продолжува да спроведува антируска политика, систематски уништувајќи ги билатералните односи и се закани дека тоа нема да помине без одговор.

    „Со воинствена русофобија, официјален Загреб дојде до точка каде што на недипломатски начин, нарушувајќи ги правилата на меѓународната комуникација, не дозволи хуманитарен лет да се евакуира голема група на руски персонал од амбасадата во Хрватска, заедно со нивните семејства, вклучувајќи мали деца. Зборуваме за луѓе на кои хрватските власти им наредија да ја напуштат земјата без причина. Овој нехуман и циничен однос кон нашите сограѓани нема да помине без одговор“, изјави Захарова.

    Хрватските власти на 11 април го повикаа рускиот амбасадор во Загреб Андреј Нестеренко да му изразат „најсилна осуда на руската брутална агресија против Украина и бројните воени злосторства“ и да го информираат дека 24 вработени во амбасадата треба да ја напуштат земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира