СЕ ЈАВИЛ ВО БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ДА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА АМБАСАДОРКАТА ЌЕ БИДЕ УБИЕНА

    СЕ ЈАВИЛ ВО БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ДА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА АМБАСАДОРКАТА ЌЕ БИДЕ УБИЕНАПоглед на Скопје од дворот на Британската амбасада. (Фото: Фејсбук)

    55-годишен жител на Мешеишта од Општина Дебрца е осомничен за загрозување на сигурноста на британската амбасадорка во Скопје, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

    Тој на 14 април се јавил на официјалниот телефонски број на амбасадата, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата и на говорниот апарат оставил порака со заканувачка содржина: „Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

    По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот. Од обвинителството велат дека со ова осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје.

    Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да избега, пред сè ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира