БРАЗИЛСКИОТ ТИМ ЧАПЕКОЕНСЕ ШТО НАСТРАДА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА БРЗО СТАНА ПОЧИТУВАН И ПОКРАЈ КРАТКАТА ИСТОРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:34:"РиодеЖанеиро,(АП)

    БРАЗИЛСКИОТ ТИМ ЧАПЕКОЕНСЕ ШТО НАСТРАДА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА БРЗО СТАНА ПОЧИТУВАН И ПОКРАЈ КРАТКАТА ИСТОРИЈА

    Бразилскиот фудбалски тим што беше во авионот што се урна во Колумбија се стекна со големa почит и поддршка од цел Бразил, иако беше еден мал клуб со кратка историја.

    Чапeкоенсе, основан во 1973 година, се подготвуваше да игра во финалето на Копа Судамерикана, второ по ранг натпреварување на клубови во Јужна Америка, по Копа Либертадорес. Тимот леташе кон Меделин да се натпреварува со Атлетико Насионал во средата, за првиот натпревар од финалето.

    Членовите на тимот Чапекоенсе беа меѓу 81-те патници на авионот кој се урна на патот кон меѓународниот аеродром на Меделин. Колумбиската полиција соопшти дека пет лица ја преживеале несреќата, а останатите загинале. Од преживеаните, тројца се фудбалери.

    Чапекоенсе стигна на првата лига во Бразил во 2014 година и овој викенд беше на деветтото место, во пресрет на последното коло. На патот кон континенталното финале, екипата позната како Чапе порази големи клубови како Сан Лоренсо и аргентинскиот Индепендиенте.

    Напаѓачите на Чапе, 34-годишните Бруно Ранхел и Кемпес се меѓу најдобрите стрелци во бразилската лига, со 10 и 9 гола. Еден од најдобрите играчи на тимот е 35-годишниот играч од среден ред Клебер Сантана, кој играше за екипата на Атлетико Мадрид од 2007-2010 година.

    Клубот е со седиште во Чапеко, град со околу 200.000 жители, познат по живинарската индустрија и се наоѓа на околу 1.300 километри јужно од Рио де Жанеиро.

    Клубот кој нема ниту еден играч во националниот тим на Бразил или пак во репрезентацијата за играчи до 20 години, ги игра домашните натпревари на стадионот со 22.000 седишта „Арена Конда“. Но, вториот натпревар од финалето  Копа Судамерикана, Чапекоенсе требаше да го игра на стадионот „Коуто Переира“ со 40.000 седишта во Куритиба, град кој се наоѓа 480 километри северно од Чапеко.

    Една група ривалски навивачи, сепак, беше толку импресиониран со неверојатните Чапекоенсе, што  започна кампања на социјалните мрежи за да се премести финалето за на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро.  

    Чапе ја имаше својата најдобра сезона досега во 2016 година, освојувајќи 52 поени од 37 натпревари.

    Тимот требаше да биде домаќин на Атлетико Минеиро во арената „Конда“ во неделата, а потоа да се натпреварува со Атлетико Насионал во вториот натпревар од финалето на Копа Судамерикана во вторникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира