Системот на воздушно алармирање преку сирени не е функционален, затоа што по распадот на Југославија се напуштила и оваа пракса, вели првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, за емисијата „25 минути“ на ТВ 24.
Ангелов вели дека минатата година ја информирале Владата за состојбата со сирените – дел од нив се исправни, но не се врзани во системот, што ги прави сосема нефункционални.
Војната во Украина ги зголеми стравувањата на светот, а најмногу на Европа за можноста од прелевање на конфликтот, но ЦУК сега очекува од Владата одговор и да го реши овој проблем преку донација. Сепак, Ангелов смета дека сирените се застарен модел за известување за напад, додека мобилните телефони се модерен начин на алармирање на граѓаните.