ВРХОВНИОТ СУД БИ МОЖЕЛ ДА ГО ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ВО САД, СТОИ ВО ДОКУМЕНТОТ ШТО ПРОТЕЧЕ ВО ЈАВНОСТ

    ВРХОВНИОТ СУД БИ МОЖЕЛ ДА ГО ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ВО САД, СТОИ ВО ДОКУМЕНТОТ ШТО ПРОТЕЧЕ ВО ЈАВНОСТВо Вашингтон се протестираше откако се дозна за судската одлука (Фото: АП)

    Милиони жени низ САД наскоро би можеле да го изгубат законското право на абортус, стои во документ од Врховниот суд, што протече во јавност. Во него се вели дека највисокиот суд во земјата гласал за поништување на пресудата од случајот Роу против Вејд од 1973 година, со која аборусот беше легализиран на национално ниво.

    Ако ова биде потврдено, абортусот би можел да биде забранет во 22 американски сојузни држави. Се очекува одлуката на судиите да биде објавена на крајот на јуни или во почетокот на јули.

    Протечениот документ насловен „Прв нацрт“ наводно го одразувал мнозинското мислење на судиите и сајтот „Политико“ објави дека тој бил напишан од судијата Семјуел Алито. Засега е непознато дали ова е конечното мислење, зашто и во минатото се случувало судиите да се премислат. Белата куќа и Врховниот суд засега не излегоа со коментар, но протекувањето на оваа информација доведе до протести во Вашингтон.

    Водечките демократски политичари Ненси Пелоси и Чак Шумер кажаа дека ако извештајот е точен, Врховниот суд ќе го воведе најголемото ограничување на правата во последните 50 години.

    Пресудата од случајот Роу против Вејд повторно се разгледуваше на барање на Мисисипи, кое бара нејзино поништување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира