КАМЧЕВ ДОБИЛ УПАТЕН АКТ ЗА ВО ЗАТВОР, ТРЕБА ДА ОДЛЕЖИ 8 МЕСЕЦИ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ВО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ КАКО КИЧЕЕЦ

    КАМЧЕВ ДОБИЛ УПАТЕН АКТ ЗА ВО ЗАТВОР, ТРЕБА ДА ОДЛЕЖИ 8 МЕСЕЦИ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ВО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ КАКО КИЧЕЕЦКамчев пред неколку дена призна вина за злоупотреба на службената положба и овластувањата и веднаш ѝ врати на државата злоупотребени 5,2 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Судија за извршување на санкциите му упатил акт на бизнисменот Орце Камчев за одлежување на казна затвор од 8 месеци, откако тој призна вина за големиот случај „Империја”, со која доби една година затвор и уплати во УЈП отштета на државата од 5,2 милиони евра, но за кривичните дела само до 2009 година.

    „Империја“, во која се осомничени покрај Камчев и Сашо Мијалков и уште 12 други лица, опфаќа кривични дела до 2018 година и според Државното обвинителство со кое раководи Љубомир Јовески, ова признание на вина со кое Камчев доби година дена затвор и уплата во Буџетот на 5,2 милиони евра, се однесува само на делата што ги сторил тој до 2009 година.

    Камчев пред неколку дена призна вина за злоупотреба на службената положба и овластувањата и веднаш ѝ врати на државата злоупотребени 5,2 милиони евра.

    Основниот Кривичен суд Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди информацијата дека судија за извршување на санкциите му упатил акт за издржување на затворската казна на Камчев. Судот не откри дали каде ќе ја издржува, само потврди дека со оглед на тоа што му се пресметуваат и тие 4 месеци во притвор за „Империја“, очигледно му остануваат да одлежи само уште 8 месеци.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали ќе ужива во отворено одделение заедно со Зоран Милески – Кичеец, осуден во „Рекет”, но и за сообраќајка во која загина човек, а уште шестмина беа повредени, Судот не можеше денес да даде одговор без консултација со другите институции.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира