Првенецот на Македонскиот народен театар, Игор Џамбазов, е годинашниот добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“. Еден од најомилените македонски актери, кој му е внук на Прличко, зад себе има речиси петдецениска кариера во театар, филм и на телевизија.
Џамбазов е дел од МНТ од 1992, откако претходно пет години работеше во Драмски театар, на кој му пристапи по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
„Преку неговите остварени ликови, првенствено на сцената на МНТ и Драмски театар, се испишува и еден голем дел од историјата на театарот во периодот меѓу 1984 и 1996 година, декада во која ги оствари некои од своите најпознати улоги. Џамбазов е една од доминантните појави и опстојби на македонската актерска сцена, а неговиот актерски опус го разви во комплексна актерска личност која реализира карактерно моќни креации, речиси секогаш главни ликови“, велат од МНТ.