ПОЧИНА ЏЕТРО ЛАЗЕНБИ, СИНОТ НА РОК ЅВЕЗДАТА НИК КЕЈВ

    ПОЧИНА ЏЕТРО ЛАЗЕНБИ, СИНОТ НА РОК ЅВЕЗДАТА НИК КЕЈВЏетро Лазенби беше модел. (Фото: Гардијан)

    Австралискиот рок музичар Ник Кејв објави дека неговиот најстар син Џетро починал на 31 година. Во кратката изјава тој напиша: „Со голема тага можам да потврдам дека мојот син Џетро почина. Би биле благодарни за семејна приватност во овој момент“.

    Џетро, роден во 1991, е син на Ник и Бо Лазенби. Вториот син на Ник, Лук, е роден 10 дена по Џетро, ​​од првата сопруга на Ник, Вивиен Карнеиро. Џетро пораснал во Австралија, а подоцна кажа дека не се сретнал со Ник додека не наполнил седум или осум години.

    Откако се пресели во Велика Британија како млад, Џетро стана модел, со ревии и за Баленсијага и Версаче, а имаше и свои музички проекти. Во април беше прогласен за виновен за напад, откако во март физички ја нападна мајка си. Неговиот адвокат објави дека му била дијагностицирана шизофренија. Беше в затвор, а пуштен е минатиот викенд. Претходно беше осуден за напад во 2018, врз неговата тогашна девојка.

    Џетро е вториот од четирите синови на Кејв кој почина изминативе години. 15-годишниот Артур почина откако падна од карпа во близина на Брајтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира